Товарен авион на карго компанија слета на својот труп откако му откажа предната опрема за слетување при слетување на аеродромот во Истанбул.
Боингот 763 на Федекс ерлајнс пријавил во контролната кула дека пристигнува од Париз во Истанбул со дефект во опремата за слетување.
Пилотот побарал дозвола за ризично слетување на трупот на авионот, кое било успешно изведено со интервенција на Спасувачката и противпожарната служба на Аеродром.
Никој во авионот не е повреден. Во тек е отстранување на авионот од пистата.
Истанбул
(Видео) Над 200 уапсени во Истанбул – полицијата со солзавец и гумени куршуми ги нападна првомајските демонстранти кои се обидоа да се пробијат до плоштадот Таксим
Турската полиција во средата уапси 217 лица, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, откако беа употребени солзавец и гумени куршуми за да се спречат демонстрантите да стигнат до плоштадот Таксим, традиционалниот центар на првомајските собири во Истанбул.
Претседателот Тајип Ердоган во пресрет на Први мај изјави дека нема да се дозволи одржување на годишните протести на плоштадот Таксим, кој беше опколен од полицијата.
Лидерот на главната турска опозициска Републиканска национална партија (ЦХП), Озгур Озел, повика на одржување на собирот на плоштадот и покрај забраната издадена од канцеларијата на гувернерот на Истанбул.
„Ако 1 мај не се слави на главниот плоштад во земјата, демократијата е во неволја. Оваа борба ќе продолжи додека не се ослободи Таксим“, им изјавил Озел на новинарите во средата.
Медиумски извори наведуваат дека во текот на вчерашниот ден во Истанбул биле ангажирани дури 42.000 полицајци.
Протестите често се фокусирани на плоштадот Таксим, каде за време на демонстрациите на 1 мај 1977 година беа убиени 34 лица.
Турскиот суд денеска го осуди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу на две години затвор и му забрани политички активности поради навреда на јавни функционери.
Градоначалникот Имамоглу, политички ривал и критичар на претседателот Тајип Ердоган, може да поднесе жалба на пресудата. Пресудата беше објавена само шест месеци пред закажаните претседателски и парламентарни избори, на кои Имамоглу требаше да му претстави силен противник на Ердоган.
Опозицијата се уште не го избрала претседателскиот кандидат што ќе го поддржи, пренесува Ројтерс. Имамоглу, кој е член на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), беше осуден за говор по локалните избори во 2019 година во Истанбул, кога ги нарече „будали“ оние што ги поништија изборите. Обвинителите побараа максимална затворска казна од четири години. Имамоглу тесно го победи кандидатот од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган на локалните избори во март 2019 година.
Откако тие резултати беа поништени, тој лесно победи на повторените избори. Затворската казна или политичката забрана ќе треба да бидат потврдени од апелационите судови, потенцијално продолжувајќи го случајот по изборите закажани за јуни 2023 година. Критичарите велат дека турските судови одлучуваат според волјата на Ердоган, но владата ги негира таквите обвинувања и инсистира на независно судство.
(Vijesti.ba)
(Видео) Потомок на Османлискиот султан пристигна во Истанбул: пречекан со аплауз од неговите приврзаници
Потомок на четвртата генерација на османлискиот султан Абдул Хамид Втори, Абдулхамид Кајхан Османоглу беше пречекан во Истанбул од група обожаватели кои скандираа „Ние одиме по твојот пат“. Станува збор за членови на организацијата наречена „Девлет“ и „Алије Окаклар“, “Devlet” -i Aliyye Ocakları” која ја слави османлиската култура. Името и значи „Организација на големата моќ“.
Абдулхамид Кајхан Османоглу пристигна во Истанбул на состанок по повод 103-годишнината од смртта на султанот, пишува денеска турскиот медиум Дувар.
Целата група, предводена од омилениот гостин – правнук на султанот, потоа, во придружба на Османлискиот воен оркестар, традиционален музички ансамбл од јаничарските единици, кој некогаш ги бодреше воените сили на Османлиската империја во војната (истиот оној кој своевремено настапи во Сараево Башчаршија), маршираше кон поранешната христијанска базилика и сега џамија Аја Софија.
Патем, самиот султан Абдул Хамид Втори, кој владееше од 1876 до 1909 година, беше познат по прогонот на христијаните во Отоманската империја и војната на Балканот по кој по Берлинскиот конгрес изгуби многу територии, вклучувајќи ги Кипар и Египет.
Големите количини на снег кој во изминативе два дена паднаа во Истанбул, предизвикаа мали тешкоти, сепак нај интересно беше она што било забележано од страна на миобилен телефон.
Одредени количини на снег се насобраа на покривите на стамбените куќи, така да наглото паѓање може да предизвика опасност за минувачите.
Не имајќи ја во предвод својата бездност, жител на Истанбул се одлучил на овој начин да го одстрани снегот од својот покри без притоа да превземе било какви мерки за безбедност, притоа доведувајќи се и самиот во опасност.
Извор:Iha.com.tr
Денес, во Истанбул на Денот на Република Турција, по повод одбележувањето на 95-годишнината, официјално беше отворен новиот аеродром, проектиран како најголем во светот.
На отворањето присуствуваа турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и повеќе од 50 странски официјални претставници од дваесет земји, како и Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
Новиот аеродром “Istanbul Yeni Havalimani”, покрај “Ататурк” и “Сабиха Гекчен”, е трет аеродром во тој град а со полн капацитет ќе работи од крајот на годината.
Изграден е на европската страна на Истанбул, 35 километри северно од градот, а кога е целосно ќе биде завршен, ќе биде најголемиот аеродром во светот.
Три пати поголема од аеродромот во Франкфурт
Работите започнаа во јуни 2014 година и ја завршена е првата од четирите фази на изградба.
Предвидено е дека аеродромот може да добие 90 милиони патници по првата фаза.
Останатите фази на изградба ќе бидат завршени до 2023 година, кога аеродромот со шест одделни писти од 500 авиони ќе може да прифати 200 милиони патници годишно. Исто така, ќе има 70.000 места за паркирање.
Турскиот претседател Ердоган на свеченоста на отворањето на аеродромот соопшти дека името на новиот аеродром е „Аеродром Истанбул“.
„Посакувам новиот ‘Аеродром Истанбул’ да биде од корист за светот, регионот и за нашата земја“, истакна Ердоган.
Турскиот претседател рече дека аеродромот „Ататурк“ ќе продолжи да ги пружа своите услуги како Саем за воздухопловство и за голем број други активности.
Тој додаде дека кога ќе се завршат сите фази од изградбата, Аеродромот Истанбул ќе опслужува 150 милиони патници, а доколку е потребно капацитетот ќе се зголеми на 200 милиони.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=JTvjhHt6AOM[/embedyt]

Авиони на Турската авиокомпанија “Туркиш ерлајнс” (ТИЈ) слетаа на новиот аеродром во Истанбул, чија прва фаза ќе биде отворена денес, објави агенцијата Анадолу (АА).
Првата фаза од аеродромот во Истанбул за летови ќе биде отворена со програма на која ќе присуствуваа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и повеќе од 50 високи претставници од целиот свет.
Бројни граѓани, кои сакаа да присуствуваат на отворањето, веќе пристигнаа на аеродромот, а последните подготовки се во тек. Некои патни делови се затворени за сообраќај, а знамето на Република Турција, кое го слави својот 95-ти роденден денес, е истакнато во близина на аеродромот. Исто така беа вклучени и фотографии на Мустафа Кемал Ататурк, основач на модерната турска држава и претседател на Ердоган.
Во изградбата на терминалот и околу него беа преземени високи безбедносни мерки, а на влезот на аеродромот на турски и англиски јазик, е напишано “Истанбул аеродром” како и на неколку други јазици “Добредојдовте дома”.
Во првата фаза, годишно ќе се опслужуваат 90 милиони патници. Аеродромот е изграден на вкупна површина од 76,5 милиони квадратни метри, а останатите фази треба да бидат завршени до 2023 година.
На крајот од работите, аеродромот ќе содржи шест одделни писти, ќе има капацитет од 500 авиони, отворен и затворен тип за паркирање со капацитет од 70.000 возила и годишно доделување на околу 200 милиони патници.
Новиот аеродром, дури и пред отворањето, доби неколку награди, па затоа може да се очекува дека овој тренд ќе продолжи и во иднина.
Извор:Фото/faktor
Бројни граѓани пристигнуваат во истанбулскиот кварт Јеникапи, каде што организацијата на неколку турски невладини организации денес ќе одржи митинг за поддршка на Палестина под наслово “Клетва за зулумот, поддршка на Кудс”, јави агенцијата Анадолу (АА).![]()
На местото каде што ќе се одржи митингот, биле поставени големи знамиња со пораката Клетва за зулумот, поддршка на Кудс”, како и постери на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк и актуелниот претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Граѓаните кои доаѓаат на митингот носат турски и палестински знамиња, а голем број турски и странски новинарски тимови се акредитирани за да го следат митингот.
Според најавите, на собраните граѓани ќе им се обрати турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и претседателот на опозициското Движење за национално движење Девле Бахчели.![]()
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата во Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на Амбасадата на Тел Авив во Ерусалим.
Израелските безбедносни сили се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија во вторникот, користејќи сила и огнено оружје. 62 Палестинци загинаа, а најмалку 3.000 беа повредени.
Меѓу осудите што доаѓаат од светот, меѓу другото, се вели дека прекумерната сила е неприфатлива во случај на мирни протести што Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба, односно масовно гонење на тие луѓе.![]()
![]()
![]()
![]()
Извор:faktor/AA