Единаесет активни американски војници завршиле во болница откако испиле антифриз, мислејќи дека станува збор за алкохол. Заради тоа двајца од 11-те припадници на американската армија во моментов се на интензивна нега. Војниците пиеле антифриз додека биле на десетдневна вежба во касарната Форт Блис во Тексас, објави американската армија, пренесуваат локалните медиуми.
Мислеле дека станува збор за алкохолен пијалок и набрзо се разболеле, па биле пренесени во болница. „Сите војници кои се разболеле беа префрлени во воена болница, а двајца се во сериозна состојба и се на интензивна нега“, изјави потполковник Али Пејн, портпарол на Форт Блис. Таа додаде дека другите девет се уште се набудувани и дека се анализираат. Пејнова изјави дека воените правила забрануваат употреба на алкохол за време на вежбите, и дека антифризот стигнал до касарната „надвор од овластените канали на дистрибуција“. Полковник Шон Скали, шеф на воената болница, изјавил дека здравствената состојба на војниците се подобрува, објави Си-Би-Ес.
Таа додаде дека внесувањето на етилен гликол, што е главната состојка на антифризот, може да доведе до забрзано влошување на бубрезите, па дури и до откажување на органите во случај на поголема количина во организмот. Не е објавено колку антифриз испиле американските војници. Сите војници кои завршија во болницата припаѓаат на 11-та противвоздушна артилериска бригада во Форт Блис. Меѓу нив има еден офицер, двајца подофицери и осум војници, сите активни припадници на армијата.
sputniknews










