Пожарот избувна во производниот погон  што му припаѓа на најголемиот светски производител на вакцини,институтот за серум во Индија.

Од институтот е соопштено дека ова не влијае на производството на вакцината против вирусот корона. Пожарот избувнал на петтиот кат во зградата денес  околу три часот попладне по локално време, а извршниот директор на Институтот потврди дека тој дел од централата се користел пред се за производство на бе-се-же вакцини против туберкулоза.

Овој индиски институт е најголемиот светски производител на вакцини и во моментов масовно ја произведува вакцината против коронавирусот на компанијата “Астра Зенека“.