Благодарение на подобрувањето на епидемиолошката состојба во поголемиот дел од Словенија, ски-центрите наскоро ќе бидат „отворени“ под одредени услови, следната недела повторно ќе започнат часовите во пониските одделенија на основните училишта, а ќе се отворат и пазарите, … … фризерски салони и хемиски средства за чистење како и автмеханичарските услуги, објави словенечката влада доцна во средата навечер.
Во девет од 12-те региони, оние со подобра епидемиолошка слика, ски-центрите ќе бидат повторно отворени од сабота, и оние со негативен тест за коронавирус ќе можат да скијаат, потврди премиерот Јанез Јанша по сесијата. Од идниот вторник во истите региони ќе бидат отворени градинки и часови за ученици во првите три одделенија од основно училиште, но со сите анти-епидемиски мерки и негативен тест за коронавирус за воспитувачи и наставници кои ќе бидат тестирани претходниот ден.
Продавниците, киосци, услуги за чистење, фризерства и слични услуги, услуги за чистење оџаци повторно им е дозволено да работат, а се отвораат и продавници со опрема за деца. Олеснувањето на сегашните рестриктивни мерки ќе важи во регионите на Централна Словенија, Горењска, Приморско-Нотрањска, Обално-крашка, Корошка, Подравска, Помурска, Савињска и Засавска, додека во регионот Горишка Посавска и Југоисточна Словенија сегашните ограничувања остануваат, но предвидените критериуми за олеснувањето на мерките може да се исполни многу брзо, рече Јанша. – Владата за тоа повторно ќе одлучи во наредните денови, строго придржувајќи се кон критериумите и со контрола, бидејќи епидемиолошката состојба во земјата е сè уште многу сериозна, рече Јанша.
Што се однесува до условите за влез во Словенија за патниците од ЕУ и Шенген зоната, беше одлучено тие да можат да влезат без задолжителен карантин или негативен тест за коронавирус, под услов престојот да не трае подолг од 12 часа, а во следните случаи: ако имаат недвижен имот или земјиште во Словенија, поради грижа на членовите на семејството или имот, поради контакт со дете и некои други исклучителни случаи, пренесува Хина.
(Вијести.ба / ФЕНА)
