Постои сомневање дека дозите на „Модерни“ вакцините серија 041L20A  предизвикуваат „повеќе несакани ефекти од вообичаеното“ и затоа треба да се отстранат од употреба пред крајот на испитувањето, објави Калифорнискиот оддел за јавно здравје.

Инцидентите се чини дека биле откриени на клиника која, наводно, била затворена неколку часа по пријавувањето на несакани реакции. Серија од вкупно 330 000 дози беа дадени на 287 добавувачи ширум Калифорнија и ова е првпат да се пријави алергиска реакција, изјави д-р Ерика С. Пан, државен епидемиолог во Калифорнија.

„Модерна“, Центрите за контрола и превенција на болести и американската Администрација за храна и лекови во моментов тестираат серија вакцини откако десетина луѓе претрпеа „можна тешка алергиска реакција“, пренесува Спутник.

 

Претходно беше пријавена акутна алергиска реакција во Бостон, во декември, откако лекарот ја прими вакцината „Модерна“. Во исто време, американските медицински власти испитуваат неколку случаи на сериозни реакции на вакцината „Фајзер-Бионтек“ против вирусот корона. Калифорнија е најтешко погодена американска држава, со околу три милиони заразени (од кои еден милион во Лос Анџелес) и повеќе од 33.000 смртни случаи, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.