Фармацевтската компанија „Фајзер“ од следната недела ќе ги намали испораките на вакцини во Норвешка и Европа, објави Националниот институт за јавно здравје (ФХИ). „Фајзер“ ја доставува вакцината со која Норвешка започна да го вакцинира населението.

За Норвешка, тоа првенствено значи дека ќе добиеме 7.800 дози помалку во третата недела од она што беше најавено порано – изјавиул директорот на контролата на инфекцијата на ФХИ, Гир Букхолм.

Намалувањето се должи на претстојната надградба на производствениот капацитет на компанијата. Норвешка следната недела очекуваше 43.875 дози од вакцината, а сега изгледа дека ќе пристигнат 36.075 дози. Сето ова се рефлектира на целиот Стар континент.