Трамп ќе го напушти Вашингтон на денот на инаугурацијата

by Administrator

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го напушти Вашингтон наутро   на инаугурацијата на неговиот наследник Џо Бајден на 20 јануари, иако размислуваше да замине на 19 јануари, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извор запознат со ситуацијата.

Трамп, кој веќе објави дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален настан во базата Ендрус, недалеку од Вашингтон, каде што е стациониран претседателскиот авион „Ер форс уан“.

Според извор на Ројтерс, тој потоа ќе отпатува за Палм Бич, Флорида, во неговиот клуб Мар-а-Лаго.

You may also like