Мексико е подготвен да му понуди политички азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж и ја поддржува одлуката на британскиот суд да одбие негова екстрадиција во САД, изјави денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.
„Асанж е новинар и заслужува шанса и јас сум за тоа да биде помилуван. Ние ќе му обезбедиме заштита“, нагласи Обрадор. Судот во Велика Британија донесе одлука малку порано Асанж да не биде екстрадиран во САД, каде што тој е обвинет за шпионажа и хакерство во државните компјутери.
Судијката Ванеса Бараистер изјави дека го одбила барањето на САД од страв дека Асанж може да изврши самоубиство. Доколку биде осуден во САД под обвинение за шпионажа и злоупотреба на компјутер, Асанж може да биде осуден на 175 години затвор.
Тимот на Асанж се обиде да докаже за време на судењето во Лондон за американското барање дека овој активист е обвинет од политички причини. Судскиот процес заврши на 1 октомври. Америка го обвинува Асанж за кршење на законите на САД објавувајќи доверливи испраќања и документи на администрацијата на САД преку Викиликс.
(Вијести.ба)










