Провладината иранска новинска агенција Тасним објави дека во Персискиот залив Морнарицата на иранската револуционерна гарда запленила цистерна, која пловела под јужнокорејското знаме.
Тасним наведува дека бродот бил окупиран затоа што претставувал опасност за околината. Танкерот сега се наоѓа во иранското пристаниште Бандар Абас. Ројтерс наведува, повикувајќи се на агенцијата Тасним, дека во членовите на екипажот има државјани на Јужна Кореја, Индонезија, Виетнам и Мјанмар.
Во последно време тензиите во турбулентната област се зголемуваат, а Пентагон објави дека не го повлекув Американскиот носач на авиони Нимиц од областа на Персискиот залив.
Претходно, американска нуклеарна подморница заплови во Персискиот Залив, додека Техеран отворено се закани дека ќе ги нападне Израел и Соединетите држави во врска со атентатот врз командантот на иранската револуционерна гарда Касем Сулеимани и на иранскиот нуклеарен началник Мохсен Фахризадех. Иран исто така драстично ги зголеми нивоата на збогатен ураниум.
