Дирекцијата за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД) и Турската црвена полумесечина се подготвени да и помогнат на Хрватска, која денес беше погодена од разорниот земјотрес, јавува Anadolu Agency (AA).

АФАД соопшти дека властите на таа институција разговарале со нивните колеги во Хрватска по земјотресот и рекле дека се подготвени да им помогнат. Во соопштението се вели дека АФАД и Турската Црвена полумесечина ги следат настаните по земјотресот во Хрватска. Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), ја погоди Хрватска во вторникот околу 12,20 часот.

Според ЕМСЦ, земјотресот е регистриран на длабочина од десет километри, со епицентар на девет километри од Сисак и 46 од хрватската престолнина Загреб. Силно тресење на земјата се почувствува и во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Словенија, Унгарија …