Ердоган разговара со Милановиќ: Турција е подготвена да и обезбеди на Хрватска секаков вид помош

by Administrator

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган разговараше со неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ и му испрати порака за поддршка и сочувство по повод силниот земјотрес што ја погоди Хрватска, јавува Anadolu Agency (AA).

Дирекцијата за комуникации при канцеларијата на турскиот претседател соопшти дека Ердоган во телефонски разговор по повод денешниот земјотрес испратил пораки за поддршка и сочувство до Милановиќ и целиот народ на Хрватска. Истакнувајќи дека Турција е пријател дури и во „мрачните денови“,

Ердоган му пренел на Милановиќ дека Турција е подготвена да обезбеди каква било помош во спасувањето и другите активности по земјотресот. Во земјотресот што ја погоди Хрватска денес загинаа пет лица, четворица во Мајске Полјане кај Глина и 12-годишно девојче во Петриња, градот најпогоден од разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер. Материјална штета и повреди се евидентирани и во Сисак и Загреб. Земјотресот ги погоди Германија и Србија и Црна Гора.

You may also like