Американскиот портал Аксиос пишува, повикувајќи се на изјави на високи израелски функционери, пишува дека азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се обидува да биде посредник во подобрувањето на односите меѓу Израел и Турција.

Барак Равид, дописник на Аксиос во Тел Авив, забележува дека Турција и Израел одиграа важна улога во воената победа на Азербејџан против ерменските сили. Позната е улогата на Турција – од испраќањето на свои сили од северна Сирија за помош на азербејџанските сили, како и воени инструктори и продажба на разни оружја.

Израел, како и Турција, му продаваше беспилотни летала на Азербејџан, што можеби одигра клучна улога во конфликтот. Алиев, според Аксиос, разговарал со Ердоган за израелско-турските тензии во неодамнешниот телефонски разговор. Советниците на азербејџанскиот претседател му соопштија на Израел дека Ердоган реагирал позитивно на идејата за подобрување на односите, пишува Аксиос.

„Алиев и неговите високи советници истакнале дека сакаат и двајцата добри пријатели (Азербејџан op.a) – Турција и Израел – да се вратат во нормални односи и се подготвени да помогнат тоа да се случи“, изјавил израелскиот официјален претставник за „Аксиос“. Сепак, Аксиос пренесува дека израелските власти  нема да ги подобрат односите со Турција на начин што би значел влошување на добрите односи со Грција и Кипар, што е важно во контекст на спорот на истокот на Медитеранот.

Извор:geopolitika