Американското списание „Форбс“ откри дека дури 50 нови милијардери се појавиле во здравствениот сектор оваа година, најмногу поради пронаоѓањето на вакцината за коронавирус.
Најмногу се збогатиле шефот на германската компанија БиоНТеч Угур Сахин и шефот на американската компанија Модерна, Стефан Бансел. Компанијата БиоНТеч, основана од Сахин, по потекло од Турција, со неговата сопруга Озлем Туречи, сега вреди 4,2 милијарди долари, додека компанијата Модерна на Французин Стефан Бансел е во вредност од 4,1 милијарди долари.
Форбс наведува дека поради „метеорскиот раст“ на Модерна, уште две лица станале милијардери. Ова се рани инвеститори во компанијата – имунологот од Харвард, Тимоти Спрингер и професорот од МИТ, Роберт Лангер. Милијардер станал и Италијанец Серхио Стеванато, најголемиот акционер на групацијата Стеванато, која ги прави стаклените шишиња потребни за безбедно транспортирање на повеќе вакцини.
Сопствениците на компании кои развиле лекови за коронавирусна терапија и производители на медицински помагала се исто така на списокот со 50 нови милијардери. Повеќето нови милијардери се од Кина, а најбогат е Ху Кун, шеф на „Контек Медикал Системс“, компанија што произведува медицинска опрема.









