Околу 40 полицајци се повредени денеска во центарот на Киев во судири со демонстранти кои се собрале против мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот, објави украинската полиција.
Неколку илјади луѓе, вклучувајќи и мали претприемачи и трговци, се собраа во центарот на Киев, спротивставувајќи се на епидемиолошките мерки што неодамна ги објавија украинските власти. Властите наредија затворање на училиштата, колеџите, половните продавници, рестораните, кината и спортските сали од 8 до 24 јануари.
Демонстрантите се обиделе да постават шатори на плоштад во Киев, но полицијата ги спречила со употреба на солзавец. Агенцијата Франс Прес објави дека коли на брзата помош пристигнале по инцидентот, но не е познат бројот на повредени меѓу демонстрантите.
Полицијата соопшти дека 40 нејзини членови се повредени, а тројца се хоспитализирани. Во Украина, со околу 40 милиони жители и трошен здравствен систем, повеќе од 909 000 луѓе се регистрирани со коронавирус, од кои 15,480 починале.










