6
Минатата недела беше објавено дека кандидати за освојување на оваа награда се Роберт Левандовски, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Најдобриот на светот ги избраа селектори и капитени на репрезентации од целиот свет, но и новинари. На крајот, наградата заслужено му припадна на Роберт Левандовски, кој има година за паметење. Полјакот освои се што можеше да се освои со Баерн и да доминира на сите полиња.
Левандовски минатата сезона постигна дури 55 погодоци во сите натпреварувања, ама и оваа игра фантастично затоа што тој веќе постигна 15 гола и му оди многу подобро од Роналдо и Меси.
