Францускиот министер за внатрешни работи Џералд Дарманин изјави дека ќе изврши увид во 76 џамии во земјата, а некои од нив може да бидат затворени. Дарманин на Твитер рече дека 76 џамии во земјата ќе бидат контролирани во наредните денови и дека некои од овие џамии може да бидат затворени. „Ле Фигаро“ објави, повикувајќи се на објавата на Дарманин, дека 16 од 76 џамии се наоѓаат во Париз и околината.
Беше најавено дека 18 од овие џамии можат да бидат затворени. По убиството на учителот Самуел Пети во Франција на 16 октомври, бројот на рации во муслиманските здруженија и џамии се зголеми. Дарманин на 3 ноември рече дека 43 џамии се затворени во последните три години откако Емануел Макрон ја презеде функцијата. Извор: Анадолија










