Лондон: Повторно отворени продавниците, рестораните и баровите

by Administrator

По завршувањето на националниот карантин, продавниците, рестораните, баровите и кафулињата беа повторно отворени во Лондон поради приближувањето на Божиќ. Во исто време, британскиот парламент одобри одлука за три мерки на претпазливост преземени од страна на владата како дел од борбата против новиот вид коронавирус. Соодветно на тоа, во првата фаза, рестораните и баровите можат да работат само до 23 часот, и доколку има начин компаниите да организираат работа од дома.

Во втората фаза, членовите на различни домаќинства нема да можат да се среќаваат во затворено. Средбите надвор ќе бидат ограничени на шест лица, баровите можат да работат само како ресторани, а алкохолните пијалоци може да се продаваат само со оброци. Во третата фаза, затворени спортски сали нема да работат, патувањето нема да биде можно, освен ако е потребно, баровите и рестораните ќе вршат само достава, а спортските настани нема да бидат организирани.

Извор: Анадолија

You may also like