Судот на градот Прага, ја укина мерката за задолжително носење заштитни маски за сите граѓани на Чешка, што беше донесена на 19 октомври.

Одлуката е донесена денес, а во нејзиното образложение се наведува дека мерката „не содржи конкретни и разбирливи информации, врз основа на кои судот би можел ефикасно и одговорно да го разгледа прашањето дали е навистина потребно да се инсистира на задолжително носење на респираторна заштитна опрема до степенот што сега е определен за да се постигнат наведените цели?“ Министерството за здравство не упатува на никакви документи врз основа на кои би била пропишана таква мерка и има недостаток на конкретни информации за развојот на епидемиолошката состојба во различни региони на земјата, соопшти судот.

Исто така, наведено е дека оваа одлука, на која нема право на жалба, ќе стапи на сила на 21 ноември, така што Министерството за здравство ќе има доволно време да донесе слични мерки во согласност со сите наводи на овој суд, „доколку најде доволно основа“.

Од друга страна, министерство одговори дека ќе преземе чекори за зачувување на мерката за маските, како и ќе ја разгледа можноста за оспорување на оваа судска одлука.

Geopolitikanews