Лутфи Елван, новиот министер за финансии и трезор на Република Турција истакнувајќи дека претстојниот период ќе биде период на намалување на ефектите од глобалната пандемија и создавање нови можности, рече: „Во овие рамки зајакнувајќи ја макроекономската стабилност, ќе се фокусираме на програма за трансформација прилагодена на пазарот што вклучува микро реформи“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во својата писмена изјава дадена по неговиот избор на новата функција, министерот Елван посочи дека основата на економската политика претставува транспарентни и отчетни политики во согласност со меѓународните норми со цел зголемување на растот и вработеноста.

Потенцирајќи дека Турција има функционална пазарна економија заснована врз правила, Елван ја нагласи важноста за зајакнувањето на институциите и ефикасноста на работењето.

„Во овие рамки зајакнувајќи ја макроекономската стабилност, ќе се фокусираме на програма за трансформација прилагодена на пазарот што вклучува микро реформи“, рече министерот Лутви Елван.

Елван во однос на политиките што ќе ги формираат рече дека ќе се консултираат со сите релевантни страни.

„Во претстојниот период, ќе ја одржиме макроекономската стабилност и ќе дадеме нов поттик за растот и за вработеноста. Одлучно ќе ја поддржуваме борбата против инфлацијата. Одржувајќи ја финансиската дисциплина, ќе го зголемиме квалитетот на јавните финансии“, нагласи Елван.

Anadolu