Шведска: Во џамија испратено писмо што содржи опасен материјал

by Administrator

До џамијата поврзана со исламскиот центар во Малме, Шведска, испратено е писмо што содржи опасен материјал, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Шефот на полицијата на јужна Шведска, Ким Хилд, за официјалната новинска агенција „ТТ“ истакна дека писмото испратено до џамијата содржи опасни материјали.

Хилд не даде информации за содржината на опасниот материјал.

„Поради безбедноста на истрагата сега не можеме да ја објасниме содржината на материјалот. Во инцидентот никој не е повреден. Нашите стручни тимови ја испитуваат материјата во писмото“, рече Хилд.

Тој исто така наведе дека се зголемени безбедносните мерки околу џамијата и дека е започната истрага за инцидентот.

Anadolu

You may also like