Вчера, бразилскиот здравствен регулатор во понеделникот објави дека ги суспендира клиничките испитувања на вакцината за коронавирус, развиена од кинеската фармацевтска компанија „Синовац биотек“ по сериозниот инцидент регистриран на 29 октомври, во кој учествувал волонтер.
Националната агенција за надзор над здравјето (ANVISA), не даде дополнителни детали за тоа што се случило, но во соопштението се вели дека ваквите инциденти може да предизвикаат смрт, потенцијално фатални несакани ефекти, тешка попреченост, и други клинички значајни проблеми.
Испитувањата со вакцината Синовац се спроведуваат во Турција, Индонезија и Бангладеш.
Институтот Бутантан во Сао Паоло, еден од водечките бразилски центри за биомедицинско истражување, спроведе тестови во фаза 3 во кои учествуваа 9000 волонтери.









