Внесувањето на витамин Д е потребно против ковид 19, а повеќето од заразените имаат недостаток на овој витамин, смета директорот на Националниот центар за медицински истражувања „Алмазов“ („Almazov“) и член на Руската академија на науките, Евгениј Шљјахто (Yevgeny Shlyakhto).
Како што рече, токму недостатокот на овој витамин придонесува за развој на инфекција со ковида 19 во човечкото тело.
Оваа теорија е потврдена од научник од Федералниот истражувачки центар за исхрана и биотехнологија, нутриционист Наталија Денисова (Nataliya Denisova), која вели дека недостатокот на витамин Д во организмот придонесува за потежок тек на болеста.
„Не е потребно земање витамин Д во текот на целата година, туку во текот на есента и зимата кога има малку сонце. Исто така е важно да се консултирате со лекар “, рече Денисова.
Инаку, недостатокот на витамин Д може да се компензира со таблети или внесување на таканаречена супер храна која е богата со овој витамин, а тоа се морска риба, жолчки од јајце, како и млечни производи.
Dubai-Portal
Sputniknews









