Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со австриските херои од турско потекло кои и помгнаа на полицијата за време на терористичкиот напад во Виена.
Реџеп Таип Гултекин и Микаил Озер наидоа на напаѓачи за време на нападот во Виена и спасија две жени и му помогнаа на полицаец.
– Се гордеам со вас. Убава е коинциденцијата што имињата ни се исти. Продолжете да им помагате на Австријците. Можеби не нè разбираат, но ние ги разбираме. Ние го сакаме создавањето благодарение на Создателот, без оглед на нивната религија или секта. Само да се биде човек е доволно за да ги натераме да ги сакаме. И знам дека страдавте од сериозни проблеми во Австрија, а вината ви е само фактот дека сте муслимани.
Но, за нас, да се биде муслиман е нешто со што сме горди. Долго време се бориме против теророт, а и денес се справуваме со него. Верувам каде и да сте дека ќе претставувате мир и добро. Сакам да ви се заблагодарам од мое лично име, моето семејство и нашата нација. Ви испраќам многу Љубов – им пренел претседателот Ердоган.










