Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ѝ посака брзо закрепнување на четиригодишната Ајда Гезгин, која утринава е спасена од под урнатините на зграда во Измир, кој во петокот го погоди земјотрес со јачина од 6,6 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган по спасувањето на малата Ајда, која спасувачките тимови од урнатините ја извлекоа 91 час по потресот, се огласи на социјалната мрежа Твитер.
„Чудото се вика Ајда. Фала му на Бога кој низ твоите насмеани очи по 91 час пружи нова надеж. Ти посакувам брзо закрепнување прекрасно дете“, напиша Ердоган.
Anadolu









