Турција: Во потонувањето на туристички брод во Аланија, настрада едно лице, а други 37 спасени

by Administrator

АЛАНИЈА (АА) – Вкупно 37 патници се спасени од брод кој потона во турскиот медитерански град Аланија, соопшти Командата на Турската крајбрежна стража, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од туристичкиот брод кој потона извлечено е едно тело.

Градоначалникот на Аланија, Адем Мурат Јуџел за новинарите изјави дека жртвата е 37-годишен странски државјанин, кој не успеал да се спаси бидејќи се наоѓал во многу тесен простор.

Пловилото потона 50-100 метри од брегот, а сè уште не е позната причината за бродоломот.

Спасувачките тимови на Турската крајбрежна стража пристигнаа на местото на несреќата.

Anadolu

You may also like