САО ПАУЛО (АА) – Противниците на вакцинацијата организираа протести во Бразил поради кампањите и повиците за вакцинација против новиот тип коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Противниците на вакцинацијата организираа протести во Сао Пауло и Рио де Жанеиро како реакција на одлуката за вакцинација против Ковид-19.
Демонстрантите, која се собраа во центарот на Сао Пауло, бараа смена на гувернерот на Сао Пауло, Жоао Дориa, кој претходно изјави дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе биде задолжителна.
Друга група демонстранти се собра на плажата „Копакабана“ во Рио де Жанеиро и извикуваше слогани за поддршка на кампањата против вакцинацијата, што ја поддржува Болсонаро.
Вакцините против Ковид-19 и понатаму се една од актуелните теми во државата, а дебатите за оваа тема се одразија на кампањата по повод локалните избори, што ќе бидат одржани кон крајот на месецот.
Поддржувачите на претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, на социјалните мрежи водат кампања за можните нуспојави од вакцината.
Резултатите од анкетите, спроведени во земјата, покажуваат дека во јуни 85 отсто од испитаниците кажале дека ќе се вакцинираат, додека во октомври тој процент паднал на 63 отсто.
Болсонаро и неговите поддржувачи излегоа со коментари и за вакцината на кинеската компанија „Синовак“, „КоронаВак“, и порачаа дека Бразилците нема да бидат заморчиња на Кинезите.
Гувернерот Дориa во изјавата минатиот месец изјави дека вакцинацијата во Сао Пауло ќе биде задолжителна, а министерот за здравство Едуардо Пашуело изјави дека неговата земја се согласила да купи дози од „КоронаВак“.
Anadolu









