Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со земјотресот во Измир истакна дека државата и народот заеднички набрзина ќе ги санираат раните од земјотресот во Измир.

Министерот Акар, на граѓаните кои го загубија животот во катастрофата од земјотресот што го погоди Измир им посака милост од Аллах, на повредените им посака побрзо оздравување.

„Се надеваме да бидат спасени здрави и живи нашите граѓани под рушевините кадешто продолжуваат работите за спасување. Сите институции и организации на нашата држава, како и Министерството за национална одбрана се на располагање на нашите граѓани во Измир. Нашата држава и нашиот народ  заеднички набрзина ќе ги санираат раните од земјотресот во Измир. Нека е со помин на целиот наш народ, а пред се на нашите граѓани во Измир кои се погодени од земјотресот.“ – напиша министерот за национална одбрана Хулуси Акар во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Според последни добиени информации, бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер што се случи вчера во Егејското Море во близина на населеното место Сеферихисар кај градот Измир, се зголеми на 28 лица, а повеќе од 885 лица се повредени.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека вчера во 14:51 часот по локално време е регистриран земјотрес во Егејското Море на 17 километри од брегот на населеното место Северихисар кај градот Измир.

Земјотресот се случи на длабочина од 16,54 километри.

Најмногу беа погодени населеното место Сеферихисар и општините Борнова и Бајракли во Измир каде што 17 згради беа срушени, а голем број згради беа оштетени.

Засега се завршени работите за пребарување и спасување во 9 од 17 срушени згради, додека непрекинато продолжуваат работите за пребарување и спасување во уште 8 срушени згради кадешто се уште има затрупани граѓани.

Во објавеното соопштение од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) се истакнува дека во погоденото подрачје се регистрирани повеќе од 500 последователни потреси од кои 35 со јачина од над 4 степени по Рихтер.

Trt