Муфтија на Оман, шеикот Ахмед бин Хамад ал-Халили ( Ahmed Bin Hamad Al-Khalili), изрази целосна поддршка за бојкот на француските производи во понеделникот по навредливите коментари на францускиот претседател Емануел Макрон (Emmanuele Macron) во врска со исламот и пејгамберот Мухаммед с.а.в.с. (Muhammad s.a.w.s.)
Шеикот Ал-Халили (Al-Khalili) ги повика муслиманите да ги повлечат своите инвестиции од економските институции управувани од „арогантни агресори“ и да работи на изградба на целосно независни глобални економии.
Тој исто така ги повика муслиманските експерти да се вратат во своите татковини и да создадат соодветна клима за работа и производство.
На почетокот на овој месец, муфтијата од Оман (Oman) го нападна францускиот претседател, бидејќи тој изјави дека исламот минува низ „криза“ низ целиот свет.
Макрон неодамна предизвика контроверзии поддржувајќи објавување на карикатури со навреда на Мухаммед с.а.в.с. (Muhammad s.a.w.s.) и поврзување на исламот со тероризмот.
„Dubai-Portal“
„MEMO“










