Истакнат израелски аналитичар тврди дека нема никаква надворешна закана за ционистичкиот режим во Израел, но дека тој ќе биде уништен од внатрешни несогласувања.
Според иранската новинска агенција Фарс, Јоси Малмен, ционистички аналитичар и новинар, верува во тврдењата на претходните политичари во Тел Авив, а тоа е дека внатрешната опасност е она што го загрозува опстанокот на т.н. Еврејска држава, не странска.
Тој исто така потсетува на изјавата на поранешниот сириски претседател Хафез Асад дека присуството на ционисти, како и христијани, на територијата на Блискиот исток е само привремено.
Исто така, ционистичкиот новинар посочува дека поделбите, несогласувањата, омразата кон вредностите на либерализмот, политичкиот јаз меѓу десничарските, умерените и левичарските, меѓу секуларните и религиозните граѓани, меѓу западните и источните, го загрозуваат лабавиот систем на Израел. На ова се додава окупацијата и угнетувањето на палестинското население, што може да има опасни последици за Тел Авив.
„Во претходните години, мнозинството од луѓето во Израел имаа заеднички менталитет, тие сакаа градење на држава, населби, безбедност, демократски вредности, морал и верба во правдата. Затоа граѓаните беа подготвени да се борат, па дури и да се жртвуваат попатно. Таа заедничка основа сега исчезнува. Многу деца и возрасни во Израел се плашат и стравуваат од какво било учество. Тоа е вистинска грижа и крик од дното на моето срце “, тврди тој.









