ВАШИНГТОН (АА) – Истражувањата на научниците во Соединетите Американски Држави (САД) покажуваат дека ограничувањата воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19 се одразиле на навиките на поединци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на истражувањето кое го поддржа Биомедицинскиот истражувачки центар „Пенингтон“, анализирани се одговорите на повеќе од 12.000 лица низ светот, од кои 7.754 одговориле на онлајн анкетите.
Половина од испитаниците живеат во сојузната американска држава Луизијана, додека останатите во Австралија, Канада, Велика Британија и во многу други земји.
Резултатите покажуваат дека ограничувањата и мерките за карантин придонеле за поздрава исхрана дома.
Од друга страна, утврдено е дека за време на престојот дома се јаде повеќе храна, помалку се вежба, подоцна се оди на спиење и постои чувство на немир, а нивото на загриженост е удвоено.
Резултатите укажаа и на промените на однесувањето на лицата кои се борат со дебелината.
„Третина од дебелите луѓе се здебелиле за време на карантинот“, изјави помошничката на извршниот директор во Центарот „Пенингтон“, Лин Редман.
Anadolu









