„Скај Спортс“: Шест милијарди долари за „европска Премиер лига“, од 2022 година

by Administrator

Како што информира „Скај Спортс“, за две години ќе стартува нов проект од страна на светската фудбалска куќа.

Формирањето на т.н. „европска Премиер лига“ е во завршна фаза и наскоро сè треба да биде претставено пред фудбалската и спортската јавност. УЕФА е игнорирана, самата ФИФА стои зад револуционерниот проект.

Едни од најголемите европски клубови ќе играат во оваа елитна лига, а за почетокот од натпреварувањето ќе бидат обезбедени шест милијарди долари.

На овој начин, ФИФА сака да го намали влијанието на УЕФА врз светскиот фудбал, а со тоа да го намали и финансискиот потенцијал, а сè уште не е познато дали евентуалното создавање на европската Премиер лига ќе значи дефинитивен крај на популарната Лига на шампиони.

Би учествувале 16 или 18 клубови според лигашки систем, а осум најдобри екипи ќе се најдат во плеј-офот. Се најавува дека дел од учесниците ќе бидат Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед, Челси, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал.

Sky Sports

You may also like