Адвокатите велат дека вонредната состојба во нашата држава ги извадила на површина сите аномалии на нашето општество.
Бура од реакции на социјалните мрежи после денешната изјава на министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев кои најавија дека на Владата на утрешната седница ќе и предложат во администрацијата, општините и судовите, секаде каде што тоа е можно, работниот процес да се од
вива во смени или онлајн од дома или редуцирано по систем на ротации.
Адвокатите велат дека вонредната состојба во нашата држава ги извадила на површина сите аномалии на нашето општество.
-Администрацијата и покрај тоа што требаше да работи со смени или од дома, воопшто не работеше. Земаа плата, а не клатеа ни врата. Ние адвокатите тоа најдобро го знаеме- реагира скопскиот адвокат Павлина Зефиќ.
Судовите и обвинителството целосно беа парализирани, вели Зефиќ, во својата објава на Фејсбук, со чест на исклучоци (Кривичен суд Скопје), а само што профункционирааа, вели така, заминаа на судска ферија.
-Најдебелиот стап го изедоа адвокатите кои се блокирани повеќе месеци, бидејќи нашата работа зависи токму од овие институции. За сето време, одговорно ги покриваме сите давачки кон државата а никој во меѓувреме не се заинтересира за нашите проблеми. Летото буквално го преспавте и не развивате ниту една мерка која ќе биде функционална и нема да не блокира. Исто како во приказната на штурецот и мравката! И сега пак предлагате мерки кои водат кон целосна блокада на системот, а ние треба да ви ја полниме касата- вели со револт скопската адвокатка Павлина Зефиќ.
Зефиќ апелира и ги молам колегите адвокати, кои ги советуваат креаторите на политика, да им објаснат на луѓео како функционира правосудниот систем, зошто очигледно поима немаат.
-Пред да донесете било каква одлука, убаво би било да го повикате Претседателот на кривичниот суд Скопје и други судови кои функционираа во време на криза, за да ви одржат лекција за менаџирање. Најодговорно тврдам дека со примена на овие мерки и добрите практики, кои лесно може да ги пресликате, ќе функционираме со најмал ризик. Во спротивно треба сериозно да размислите како ќе им помогнете на над 3.500 активни адвокати во државата, кои ги оставате без работа, со бесмислените мерки кои ги предлагате- напиша Зефиќ.
По одложувањето на судските рочишта поради ситуацијата со ковид-19, се разгледува можноста за одржување онлајн судења, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, кој вели дека се разгледува и можност за одржување на онлајн судење.
Меѓутоа, тој нагласува дека тука постои еден проблем поради тоа што не може да се спроведе онлајн судење ако на тоа не се согласи обвинетиот.
– Мора во иднина да се менуват процесните закони за да може да се предвиди можност и за онлајн судење. Ние сите сме загрижени за состојбата, ни пречи на сите и на Судскиот совет и на судиите, и на претседатели на судовите. Ќе мора да се бара некое решение, некој излез од таа состојба, вели Здравев.
Моментално не се дискутира за одложување на судските рочишта како што беше пример во месеците март, април и мај, но се бараат решенија за онлајн судења.
SlobodenPecat









