Во изминативе 6 месеци, граѓаните најтешко се соочиле со изолацијата во домашни услови. Првиот човек на Клиниката за психијатрија вели дека оваа мерка најтешко ја издржале најранливата категорија на граѓани, но и најмладите.
Доколку продолжи кризата предизвикана од коронавирусот, Бајрактаров очекува продлабочување на проблемите поврзани со мелталното здравје. Тој апелира граѓаните да бидат одговорни во периодот кој следи.
Од почетокот на корона кризата клиниката примила 4500 телефонски повици од граѓани кои побарале психолошка помош.
Sitel










