Израелските сили фрлија солзавец во времето кога Палестинците ја вршеа петочната молитва (џума намаз) во окупираниот Западен Брег, каде што се собраа со цел да протестираат против илегалните еврејски населени места, јавува Агенција Анадолија (АА).
Група Палестинци со собраа во руралното подрачје на селото Бејт Деџан во близина на градот Наблус, со цел да протестираат против илегалните еврејски населени места, и покрај напорите на израелските сили да ги спречат.
Израелските сили со солзавец ги нападнаа овие Палестинци во текот на извршувањето на петочната молитва.
Голем број лица беа погодени од солзавец, додека верниците беа принудени да ја прекинат молитвата.
На Западниот Брег кој во 1967 година беше окупиран од страна на Израел, се наоѓаат над 250 илегални еврејски населени места, во кои живеат над 400 еврејски доселеници, поради кои секој ден сѐ потежок станува животот на Палестинците кои живеат под окупација во Западниот Брег.
Според меѓународното право, сите еврејски населени места кои се наоѓаат во окупираните територии, се сметаат за илегални.
Anadolu









