Ерменското Министерство за одбрана објави дека турски борбен авион Ф-16 соборил ерменски борбен авион СУ-25. Авионот, пренесуваат руските медиуми, а се урнал во ерменскиот воздушен простор. Пилотот, како што изјавија, бил убиен.
Информацијата ја објави порталот Русија денес. Според Би-Би-Си, турските и азербејџанските власти ги негирале тврдењата за падот на авионот.
„Оваа информација е ерменска лага и друга фантазија на ерменската пропагандна машина“, изјави портпаролот на азербејџанското Министерство за одбрана.
Претседателот на Кабинетот за комуникации под Претседателството на Република Турција, Фахретин Алтун, изјави;
„Тврдењето дека Турција собори ерменски борбен авион е апсолутно невистинито. Ерменија треба да се повлече од териториите под нејзина окупација, наместо да прибегнува кон ефтини пропагандни трикови. ”
(Вијести.ба)









