ХАСЕКА (АА) – Избувнаа немири во затворот во кој се наоѓаат терористи од ДЕАШ, во сириската покраина Хасека, која е окупирана од терористичката организација ЈПГ/ПКК, во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите до кои дојде АА, затворениците на ДЕАШ во затворот, кој се наоѓа во регионот Гувејран, синоќа започнале немири поради лошите услови за живот.

Во затворот се наоѓаат 4.500 затвореници на ДЕАШ од повеќе од 50 земји.

Во изминатите месеци во истиот затвор започнаа немири поради лошите услови за живот, а бунтот беше задушен со поддршка на коалиционите хеликоптери предводени од Соединетите Американски Држави (САД).

Anadolu