САД ќе повлечат над 2.000 војници од Ирак

by Administrator

АНКАРА (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) ќе повлечат околу 2.200 војници од Ирак до крајот на септември, соопшти денеска висок воен претставник, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Генералот Кенет Мекензи, шефот на Централната команда на САД, за новинарите изјави дека бројот на американски војници во Ирак ќе биде намален од околу 5.200 на 3.000, јави „Би-би-си“ (BBC).

Тој рече дека војниците што остануваат ќе продолжат да соработуваат со ирачките безбедносни сили во напорите за искоренување на остатоците од терористичката организаицја ДЕАШ.

Минатиот месец американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори својата желба да ги повлече сите американски трупи од Ирак, велејќи дека повлекувањето ќе се случи што е можно поскоро.

Anadolu

You may also like