Голтање кнедли за формирање владино мнозинство

0
145

Наједноставна опција е обнова на досегашната владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, кои заедно ги имаат потребните 61 пратеници, но во преговорите ќе треба да се надминат антагонизмите меѓу двете партии од предизборната кампања. Заев вчера рече дека премиер не се станува со 15 пратеници, но Ахмети му одговори дека не се станува ни со 46 пратеници.

Сите опции остануваат отворени, а преговорите за владино мнозинство веројатно нема да бидат лесни, велат аналитичарите, по вчерашното конституирање на парламентот.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека сите опции се отворени и дека почнуваат преговори со сите партии и оти очекувам за 10 до 15 дена да има исход од овие преговори. Тој најави многу поголемо мнозинство од минималните 61 пратеници. Од друга страна, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека ќе се обиде да формира владино мнозинство.

На изборите одржани на 15 јули, во Собранието од 120 пратеници коалицијата предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса/Алтернатива 12, Левица 2 и еден пратеник освои ДПА.

Наједноставна опција е обнова на досегашната владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, кои заедно ги имаат потребните 61 пратеници, но во преговорите ќе треба да се надминат антагонизмите меѓу двете партии од предизборната кампања, вели аналитичарот Џељал Незири.

Заев во кампањата инсистираше дека ДУИ треба да замине во опозиција, па дури и дека е подготвен да му отстапи пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за да формира влада без ДУИ. Од друга страна, главно предизборно ветување на ДУИ беше Албанец-премиер, на што СДСМ не се согласува.

Заев вчера рече дека премиер не се станува со 15 пратеници, но лидерот на ДУИ Али Ахмети веднаш му одговори дека не се станува ни со 46 пратеници.

Повеќе на:РСЕ