Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тенгел (Anders Tengell), денеска одржа прес-конференција на која објави дека бројот на новозаразени во Шведска рапидно паѓа, пренесува хрватскиот портал „Индекс“ („Index“).
Шведска беше една од земјите во Европа (Europe) која не воведе драстични рестрикции во март и април поради што беше мета на критики.
„Кривата се движи надолу“, изјави Тенгел (Tengell) објавувајќи дека Шведска (Sweden) во последните 24 часа имала два смртни случаи и 34 новозаразени. Од почетокот на пандемијата во оваа земја починаа 5 702 лица, а се заразија речиси 80 000.
„Генерално ова е многу позитивна вест. Се чини дека наскоро ќе можеме и да патуваме нормално“, изјави епидемиолог.
Тој изјави дека постепено ќе се релаксираат мерките кои се однесуваат на патувањата, прво во регионот, а потоа и во земјите кои имаат ниска стапка на заразени (под 20 заразени на 100 000 жители во период од две недели).
„Тоа практично значи дека луѓето од Стокхолм (Stockholm) ќе можат, на пример, да отидат во Германија (Germany)“, изјавил Тенгел.
На прес-конференцијата тој се осврна и на растечкиот тренд на новозаразени во Европа (Europe).
„За жал, гледаме негативен тренд во делови од Европа (Europe). Лошо е што тоа се случува во овој момент, но во Шведска го немаме тој тренд“, заклучил епидемиологот.
Index










