Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). Судот денеска ги разгледуваше и одлучуваше за последните четири тужби.

„Одлуките се одбивателни. Сите четири тужби коишто денеска беа разгледувани и одлучувано, ВМРО-ДПМНЕ две, една Демократи и една Единствена Македонија, тужбите се одбиени и се потврдени решенијата од ДИК“, изјави денеска Ивана Смугреска од Управниот суд наведувајќи дека донесените пресуди се конечни и против партиите нмаат правпо на жалба против нив.

Таа појасни дека според судечките совети тужбите се неосновани, дека се судело врз основа на Изборниот законик, како и дека во не може да се предлагаат нови докази и нови околности.

Во изминатите денови Управен суд, ги одби сите 176 тужби поднесени од Левица, Алијанса за Албанците – Алтернатива и МОРО – Работничка партија.

Тужбите од партиите до Управниот суд следуваа по решенијата на Државната изборна комисија за отфрлање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори 2020.

R.S.E.