Државната изборна комисија, вчера ги отфрли сите приговори поднесени од партиите во врска со изборите кои се одржаа во средата.

Најпрво ДИК ги отфрли приговорите од Левица, сметајќи дека немаат потпис, а потоа и сите останати беа одбиени поради разни причини.

Затоа дел од партиите најавија дека ќе поднесат кривични пријави против ДИК. Први тоа го најавија од Левица, а утрово и од коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“.

„Како носител на листа во ИЕ бр 2 од Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” во име на Коалицијата и во мое лично име, денес 20.07.2020 во 10,45 часот ке поднесам кривична пријава против Претседателот и членовите на ДИК за повреда на член 178 од Изборниот законик, а во врска со сторени кривични дела според одредбите од Кривичниот законик“, соопшти Јове Кекеновски.