Сајтот на ДИК повремено не работи и ден после изборите. Во текот на денот забележани се низа дилеми.

Исто така од она што го забележавме, кога ќе се отвори страница од мобилен телефон дава едни, а од компјутер сосема други резултати.

Затоа што се случува со овие резултати, одговор треба да дадат од Државната изборна комисија.

Се појави уште еден нелогичен резултат на ДИК за предвремените парламентарни избори. Откако претходно имаше нелогичност за победа на ДУИ во струмичко Ново Село и Демир Хисар каде не живеат Албанци, сега таков резултат излезе и за Вевчани каде на пописот од 2002 година живеат само тројца Албанци.

Имено според ДИК, во Вевчани победник е ДУИ со 72,84% од гласовите, додека втора е Алијанса за Албанците со 18,52% па следи ДПА за 4,44%

По информацијата што се појави по медиумите дека во струмичко Ново Село победата ја однела Алијансата за Албанците и Алтернатива и ДУИ, граѓаните, но и огранокот на СДСМ – збунети..

Од ОО на СДСМ од Ново Село велат дека по 18 години пауза издвојувале победа на паралементарни избори. Разликата во однос на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ е 76 гласа.

Да потсетиме дека нивната страница вчера била цел на хакерски напади, кои биле пријавени во МВР утрово, и се очекува екипа од Министерството за внатрешни работи да го испита случајот.

TV21