АНКАРА (АА) – Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека операцијата „Канџа-Тигар“ која влезе во својот 28-ми ден, продолжува успешно и дека досега се неутрализирани 62 терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Под раководство на Акар се одржа видеоконференциски состанок на кој учествуваа началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили, генерал Умит Дундар, командантот на Воздухопловните сили, генерал Хасан Кучукакјуз, и командантот на Морнарицата, адмирал Аднан Озбал и замениците министри.
– „Здивот на нашите командоси е врз тилот на предавниците“ –
Истакнувајќи дека антитерористичките активности одлучно ќе продолжат сè додека не се неутрализира и последниот терорист Акар нагласи: „На 15 јуни со операцијата „Канџа-орел“ уништени се 81 позиција на терористите во шест региони.“
Турскиот министер рече дека по таа операција на 16 јуни започна операцијата „Канџа-тигар“, која продолжува со голем успех и херојство на турските војници.
„Операцијата „Канџа-Тигар“, која денес влезе во својот 28-ми ден, продолжува успешно. Нашата цел е да се осигура безбедноста на нашиот народ и на нашите граници, и целосно да се неутрализираат терористичките елементи во регионот. Во операцијата „Канџа-Тигар“ досега се неутрализирани 62 терористи. Здивот на нашите херојски командоси е врз тилот на предавниците“, нагласи министерот Акар.
– „На 15 јули беше изведено невидено предавство“ –
Наведувајќи дека борбата против терористичката организација ФЕТО решително продолжува, како и против другите терористички организации, Акар рече: „На 15 јули се случи невидено предавство против нашата благородна нација, нашата држава, нашата демократија и Турските вооружени сили. Под политичко водство на почитуваниот претседател, војниците, цивилите од 7 до 70 години, сплотени во едно тело, се спротивставија на обидот за пуч.“
Турскиот министер за одбрана рече дека во рамките на борбата против ФЕТО досега 20.077 терористи се отстранети од Армијата, а на 1.243 им е одземен чинот“
„Нема да дозволиме ниту еден предавник да ја носи славната униформа на Турските вооружени сили, решени сме во овој поглед“, нагласи Хулуси Акар.
– „Ние остро го осудуваме нападот“ –
Турскиот министер го осуди нападот на ерменските сили врз пограничниот регион Товуз на азербејџанско тло.
„Ние остро го осудуваме нападот на Ерменија во регионот Товуз во Азербејџан. Посакуваме милост од Господа за починатите и брзо оздравување на нашите повредени браќа. Упатуваме сочувство до азербејџанскиот народ. Ние ќе продолжиме да стоиме покрај вооружените сили на Азербејџан против Ерменија, која нелегално го окупираше Горно Карабах и со години покажува агресивен став. Исто така, со сета наша сила ќе ги подржиме нашите азербејџански браќа кои ги прифаќаме како „една нација, две држави“, порача Акар.
Anadolu










