Поплави во Индонезија: 13 загинати, 46 исчезнати

by Administrator

Поројните врнежи од дожд во индонезиската провинција Јужен Сулавеси предизвикаа поплави во кои жовотот го загубија 13 лица, а 46 се водат за исчезнати, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според веста објавена во весникот „Компас“, во подрачјето Северен Луву, интензивните врнежи од дожд предизвикале прелевање на реката Масамба.

Офиијалните лица соопштија дека повеќе од 4.000 лица се неповолно погодени од поплавите, информирајќи дека досега животот го загубиле 13 лица, а 46 се водат за исчезнати.

Во тек се спасувачки операции за пронаоѓање на исчезнатите.

Anadolu

You may also like