Абдулманап Нурмагомедов, татко на Хабиб, непоразениот шампион во УФЦ, почина денес во московска болница.
Тажната вест доаѓа од Русија, а многу брзо таа започна да се емитува од сите релевантни спортски медиуми.
После двомесечна битка со неколку различни болести, Абдулманап ја загуби битката за својот живот.
Овој успешен тренер во Москва беше беше лекувам од голем број различни здравствени заболувања, од кои некои беа влошени со заболување COVID-19 и на крајот не успеа да се опорави.
Тој ќе биде запаметен во историјата како човекот кој го создаде можеби најголемиот ММА борец на сите времиња. На Хабиб уште од мали нозе го учел да биде борец.










