Иако тој често го навредуваше Хабиб Нурмагомедов, неговото семејство, па дури и неговата вера во минатото, ирскиот борец на УФЦ Конор Мек Грегор изрази сочувство до семејството на Хабиб, откако денес почина Абдулманам Нурмагомедов, татко на актуелниот шампион во лесна категорија.
– Загуба на татко, тренер и посветен поддржувач на овој спорт. Моето сочувство и почивај во мир Абдулманап Нурмагомедов – напиша Мек Грегор на својот официјален профил на Твитер.
https://twitter.com/TheNotoriousMMA/status/1279117738687021060?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1279117738687021060%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.ba%2Fvijest%2Fmcgregor-izrazio-saucesce-porodici-nurmagomedov-nakon-smrti-khabibovog-oca%2F89172
Абдулманап Нурмагомедов, кој беше во критична состојба во последните неколку недели, починал поради срцеви компликации предизвикани од коронавирус.
Патем, таткото на Хабиб Нурмагомедов го обучувал не само неговиот син, туку и другите борци од Дагестан, кои тренирале во кампот што го изградил заедно со својот син.
