АНКАРА (АА) – „Хуркуш“, турски авион од новата генерација за пробно летање, се урна во подрачјето на Бејпазари, Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Турската авијациска и вселенска индустрија (TUSAŞ), се наведува дека авионот „Хуркуш“, кој имал тест-лет, се урнал во областа Бејпазари, во Анкара, околу 12:30 часот по локално време.

Исто така нагласено е дека состојбата на двајцата пилоти од авионот е добра, и дека се пренесени во болница поради медицински преглед.

Се додава дека започната е истрага за инцидентот со која ќе се утврдат причините за падот.

Anadolu