БАНТЕН (АА) – Во Батен, една од 34-те покраини во Индонезија лоцирана на островот Јава, се наоѓа џамија изградена од бамбус, пишува Агенција Анадолија (AA).

Џамијата „Сака Буана“ го добила името од санскрит, најстариот јазик во светот, од зборовите „сака“ што значи столб и „буана“ што значи свет.

Inikah Masjid Bambu Terbesar di Indonesia? | JOL

Џамијата се простира на површина од 260 квадратни метри, а 60 отсто од градежниот материјал потрошен за нејзина изградба е бамбусот.

Сите ѕидови, како и покривот и ентериерот, во најголем дел се направени од бамбус, кој спаѓа во родот на растенија од семејството треви, со над 150 видови.

Saka Buana, Masjid Bambu Terbesar Dibangun di Banten - Kabar24 ...

Се смета дека џамијата „Сака Буана“ е најголемата џамија во Индонезија која е направена од бамбус.

Бамбусот инаку потекнува од Индија, а претежно расте во тропските и суптропските подрачја на јужна, југоисточна и источна Азија и северна Австралија.

Бамбусот има шупливо дрвенесто стебло кое расте и до 30 метри.

Во делови на источна Азија постојат цели шуми на бамбусово дрво. Во Јапонија бамбусот ги сочинува поголемиот дел од шумите, а често се одгледува и како градинарско растени.

Anadolu