Мерко до критичарите за дивоградбите: „Баш не брига“

by Administrator

Наместо да сe руши на струшкото крајбрежје ќе се доградува тврди градоначалникот Рамиз Мерко. Тој останува на ставот дека во Струга нема ниту една дивоградба во заштитеното подрачје според списокот евидентрани биле 262 нелегални градби меѓутоа во селските средини, додека од охридската страна на езерото вели дека има стотици дивоизградени објекти.

Во однос пак на барањето на Антикорупциската комисија Владата да ги урне дивоградбите во охридско струшкиот регион бидејќи не веруваат дека општините можат самите да го сторат тоа Мерко вели дека тие како локална ингеренциите им ги понудиле но им било посочено дека нема закон за нивно одземање.

„Сè ќе му дадеме, не да рушиме. Ние ќе му кажеме да догради уште, не да рушат. Овие работи вас и на многу невладини што ги има во Охрид напаѓаат за Струга што нас за тоа баш не брига … Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Ние сме локална власт. Што сме ние?“, рече Мерко.

Sitel

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=H1HH8PVthwc[/embedyt]

You may also like