Коалиционата влада во Ционистичкиот режим доби гласови за доверба

0
123

Коалиционата влада на Бенјамин Нетанјаху и Бени Ганц денес доби гласови за доверба во парламентот на ционистичкиот режим – Кнесет.

Нетанјаху денеска го претстави составот на својата влада пред парламентот, со цел да се стави крај на политичкиот ќор-сокак кој трае повеќе од една година, поради несогласувањата околу владата.

Кнесетот даде гласови на доверба на коалициската влада, за која претходно беше договорено меѓу двата политички ривали.

На парламентарната средба, Нетанјаху ги повтори своите планови за анексирање на делови од палестинскиот Западен Брег на ционистичкиот режим, пофалувајќи ја поддршката на Соединетите држави за намерата и најавувајќи спротивставување на истрагите на МКС- Меѓународниот Кривичен Суд поврзани за израелските злосторства во палестинските територии.